100 починати од ковид-19 во Њујорк оставени во камиони без ладилник

Одделот за здравство на Њујорк врши истрага за случајот и се очекува да биде поднесена пријава за неправилно однесување со човечки останки.

560

Властите во Њујорк откриле тела на 100 починати од коронавирус во два камиони фургони без ладење по повици дека од камионите се шири силна смрдеа, јави синоќа Еј-би-си.

Според извештаите, во секој од фургоните паркирани недалеку од погребален дом во Бруклин, имало по 50 тела.






Според властите, фургони без ладење не се соодветен начин за чување на тела, бидејќи градот Њујорк има набавено камиони ладилници каде можат да се чуваат телата, ако капацитетот на погребални домови, мртовечниците и болниците е надминат, и се додека не се извршат потребните процедури за погреб на починатите.

Властите веднаш испратиле ладилници за соодветно чување на човечки останки.

Одделот за здравство на Њујорк врши истрага за случајот и се очекува да биде поднесена пријава за неправилно однесување со човечки останки. Сопственикот на погребалниот дом изјави дека неговиот ладилник се расипал.

Њујоршката полиција, пак, забрани пристап до местото поради ризик од инфекции.

Поврзани содржини