100 МИЛИОНИ ЕВРА ДНЕВНО Е ДИРЕКТНАТА ШТЕТАТА ОД БЛОКАДИТЕ НА ГРАНИЦИТЕ Претседателот на српската комора ја повика европската бирократија да реагира
Марко Чадеж, претседател на Српската стопанска комора рече дека повеќе од две години, бизнисмени од целиот Западен Балкан, од Србија, С Македонија, Албанија и Црна Гора се обединија за да и посочат на Европа дека ова е голем проблем, како и дека компаниите од ЕУ кои произведуваат во Западен Балкан укажуваат на тоа, но дека нема решенија.
Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, денеска изјави дека директната штета од блокадите на премините и извозот од целиот Западен Балкан изнесува околу 100 милиони евра дневно, објавија српските медиуми.
Тој утрово го посети граничниот премин Батровци, каде што повеќе од 50 камиони го блокираат товарниот сообраќај.
– Срамно е кога станува збор за извоз на стока. Треба да се додаде дека секоја производствена компанија има казни и пенали за неиспорачана стока помеѓу 10.000 и 50.000 евра дневно. Има околу 10.000 компании што извезуваат само од Србија во ЕУ, и поради тоа може да се достигнат навистина големи бројки – изјави Чадеж.
Тој додаде дека сегашната криза со снабдување е предизвикана од нефлексибилноста на европската бирократија.
Чадеж рече дека повеќе од две години, бизнисмени од целиот Западен Балкан, од Србија, С Македонија, Албанија и Црна Гора се обединија за да и посочат на Европа дека ова е голем проблем, како и дека компаниите од ЕУ кои произведуваат во Западен Балкан укажуваат на тоа, но дека нема решенија.
– Сега имаме парадоксална ситуација во која Европа и европските компании самите се кочат или се блокираат – рече Чадеж.
Тој додаде дека компаниите се многу загрижен за моменталната криза и затоа дошол со претседателот на Германско-српската комора, Филип Симовиќ.
– Во текот на овие две години немавме никакво решение. Само во Германија беа приведени девет возачи. Европските правила важат и за возачите, како и за емигрантите во обидот, а тоа практично води до застој на целата европска економија, не зборуваме само за Западен Балкан – рече Чадеж.
Чадеж рече дека се надева дека европската администрација, која не ги послуша бизнисмените и компаниите од Белград, Приштина, Тирана, Сараево, Бања Лука, ќе ги послуша и големите компании во земјите-членки кои, како што вели, се обраќаат кон своите влади во оваа ситуација.
-Се надевам дека ќе имаат слух за едноставно да не ја убијат сопствената економија, ова не е само прашање на нашите компании и нашите превозници. Превозниците се одлучија за оваа мерка, што е последно средство, но немаше сослушување. Во последните две години, главно добивавме само некои изговори дека тоа биле правилата, дека било донесено подеднакво за целата Шенген зона – рече Чадеж.
Превозниците од земјите од Западен Балкан почнаа да го блокираат патниот транспорт напладне во понеделник на товарните премини со земјите од Шенген зоната поради несоодветната реакција на Европската комисија и земјите од Шенген зоната во врска со третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на Шенген територијата за време на секојдневните работни активности.
Најавено е дека превозниците ќе ја прошират блокадата на уште два гранични премини на истокот од земјата, откако некои руски превозници се обидоа да ги заобиколат постојните блокади користејќи премини што претходно не се користеа или беа во минимална употреба.