10 ТОНИ ЈАГНЕШКИ КОЖИ ВРАТЕНИ ОД ЌАФАСАН Постоел ризик од ширење чума кај мали преживари

Пратката е вратена во согласност со донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија – соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

115

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарствцо (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, открија и вратија назад пратка од 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава земја.

Пратката е вратена во согласност со донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија.






„Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици и ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство“ – нагласува АХВ во своето соопштение.

Поврзани содржини