10 ПОЧИНАТИ 805 НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД Најмладиот починат пациент има 28 години
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.164 бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.980 тестирања, а регистрирани се 805 нови случаи на ковид- 19.
Ситуацијата по градови е следна: Скопје 240, Гостивар 138, Тетово 136, Куманово 53, Струмица 50, Кичево 46, Охрид 32, Дебар 18, Битола и Струга по 15, Велес 13, Кавадарци 9, Прилеп и Свети Николе по 7, Штип 6, Кочани, Ресен и Радовиш по 4, Берово и Виница по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод по 1
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Гостивар 33, Скопје 21, Дебар 10, Куманово 4, Струмица 3, Кавадарци 2, Кичево, Битола, Виница и Кочани по 1.
Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Тетово (53,72,72 и 73), 2 од Кичево (28 и 53), и по едно починато лице од Гостивар (44), Скопје (56), Дебар (86) и Куманово (60). Сите починати лица се починати во болнички услови.
Направени се 6.980 тестови преку: ИЈЗ-131, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-142, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–146, ЦЈЗ Куманово–85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Авицена-440, Биотек-239, Систина-112, лабораторија Лаор-914, Синлаб-29, Ремедика-8, Плодност–82, Генеа – 13, Никоб лаб-1.026, ВФВ Медикал-58, Ели Медика-63, Ројал Медика-55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.045.
Досега во земјата се направени вкупно 1.062.292 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.164 бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.