10 ПОЧИНАТИ, 409 ЗАБОЛЕНИ Најмладиот починат имал 39 години
Досега во земјава се дијагностицирани 223.739 лица, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.
Десет починати и 409 нови заболени од ковид-19 се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 4.751 тестирања, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци по 7, Кочани, Струга и Ресен по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип по 4, Струмица и Крива Паланка по 3, Гостивар, Делчево и Валандово по 2, Неготино, Радовиш и Виница по 1.
Регистрирани сe 289 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица во болнички услови: 6 починати лица од Скопје (62, 65, 73, 74, 88 и 90) и по едно починато лице од Битола (52), Кавадарци (39) и Прилеп (63). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година од Охрид на возраст од 80 години, кое починало во болнички услови. Од вкупниот број починати лица, 3 лица се целосно вакцинирани.
Досега во земјава се дијагностицирани 223.739 лица, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801.