10 ОД 70 ДЕЦА ВО КОЗЛЕ СЕ НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА Грипот ја наполни болницата, дневно се прегледуваат над 200 пациенти

Директорката на клиниката даде препораки за родителите како да ги заштитат децата во период на зголемен број заболени од грип.

33

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле во моментов се хоспитализирани 70 деца, од кои околу 10 се на кислородна поддршка. Меѓу нив, 15 деца имаат потврден вирус на грип од типот А и развиени компликации, изјави за МИА директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.

Таа посочи дека на Клиниката дневно се прегледуваат меѓу 150 и 200 деца. Симптомите на грипот обично почнуваат нагло, со висока телесна температура, болка во грлото, мускулна и зглобна болка, носна секреција и сува кашлица.






Проф. Бошковска даде препораки за родителите: да се избегнуваат собири во затворен простор, да се одржува лична хигиена со често миење на рацете, редовна дезинфекција на површините, внес на свежо овошје и зеленчук и престој на чист воздух.

– При појава на симптоми децата да не се носат во градинка, да се изолираат, да се обезбеди добра хидрација и да се даваат лекови за температура. Ако симптомите траат повеќе од три до четири дена или се влошуваат, со интензивна кашлица, забрзано или отежнато дишење, треба веднаш да се побара помош кај матичен лекар или во дежурните педијатриски пунктови. Доколку состојбата е сериозна, децата се упатуваат на болничко лекување во нашата установа – додаде директорката.

Поврзани содржини