10 НОЕМВРИ ПОВЕЌЕ НЕ Е НА МАСА Брисел ја одложи електронската пасошка контрола за лицата кои не се од членки на ЕУ

Германија, Франција и Холандија изјавија дека нивните компјутерски системи на границата сè уште не се подготвени.

1,276

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез за патниците кои доаѓаат од држави што не се членки на Унијата, што требаше да започне на 10 октомври, откако Германија, Франција и Холандија изјавија дека нивните компјутерски системи на границата сè уште не се подготвени.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска им изјави на новинарите дека „10 ноември повеќе не е на маса“.






Таа рече дека нема нов датум за воведување на новиот систем, но дека се разгледува можноста за етапно воведување.

Електронскиот систем за влез/излез (Entry/Exit System -EES) требаше да создаде дигитална база на податоци што ги поврзува патните документи со биометриски отчитувања кои го потврдуваат идентитетот на лицето и што ја елиминира потребата да се ставаат печати во пасошите на надворешните граници на ЕУ.

Патниците кои влегуваат во ЕУ без виза, меѓу кои и Македонците, на границите со Унијата беше предвидено да дадат отпечатоци од прстите и фотографија на лицето, а оние кои влегуваат со виза ќе требаше да внесат само фотографија на лицето, бидејќи отпечатоците се регистрирани при поднесување на визата.

Поврзани содржини