10 МРТВИ ВО ИРАНСКИ НАПАД ВРЗ ЕМИРАТИТЕ, ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ И 8 ЦИВИЛИ Ранети се 169 луѓе од 29 држави

За време на денешниот напад системите за противвоздушна одбрана на Емиратите собориле 15 балистички ракети и 11 беспилотни летала лансирани од Иран, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ.

0

Двајца војници и 8 цивили денеска беа убиени, а 169 лица беа ранети во ирански напад со балистички ракети и со беспилотни летала врз Обединетите Арапски Емирати, објави Министерството за одбрана на Емиратите.

„Меѓу повредените има граѓани на ОАЕ, Египет, Судан, Етиопија, Филипините, Пакистан, Иран, Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Азербејџан, Јемен, Уганда, Еритреја, Либан, Авганистан, Бахреин, Коморите, Турција, Ирак, Непал, Нигерија, Оман, Јордан, Палестина, Гана, Индонезија, Шведска и Тунис“, се наведува во соопштението на Министерството објавено на платформата Икс.






Во соопштението се наведува дека за време на денешниот напад системите за противвоздушна одбрана на Емиратите собориле 15 балистички ракети и 11 беспилотни летала лансирани од Иран.

Министерството за одбрана на ОАЕ, исто така, соопшти дека од почетокот на војната во Перскискиот Залив, противвоздушната одбрана соборила 372 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.826 дронови, лансирани од Иран.

Поврзани содржини