10 МИЛИОНИ ЗА ГЛАВИТЕ НА MOЏТАБА И ЛУЃЕТО ОКОЛУ НЕГО Лицето што ќе даде информации на САД може да добие заштита и преселба

Стејт департментот бара информации за врвни функционери на иранската власт и Револуционерната гарда, нудејќи висока награда и можност за безбедно преселување за лицата што ќе достават информации.

1

Програмата „Награди за правда“ (Rewards for Justice) на Стејт департментот на САД повика на информации за „иранските терористички лидери“, вклучувајќи го и Моџтаба Хамнеи.

Стејт департментот одреди награда до 10 милиони долари и соопшти дека информациите би можеле да им овозможат на луѓето да бидат подобни за „преселба“.






„Овие поединци командуваат и управуваат со различни елементи на Иранската револуционерна гарда (IRGC), која планира, организира и спроведува тероризам низ целиот свет“, се наведува во објавата.

Функционерите за кои САД бараат информации ги вклучуваат министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, заменик-началникот на кабинетот Али Асгар Хеџази, Генерал-мајор Јахја Рахим Сафави, бригадниот генерал Ескандар Момени и секретарот на Врховниот совет Али Лариџани.

Претходно денеска, Лариџани се приклучи на протестите за Денот на Ал-Кудс во Техеран и објави фотографии од своето учество.

Поврзани содржини