10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БУЛЕВАР СЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ЛАВИРИНТИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ Арсовска цела година не мрдна со прст да го изгради

Додека Арсовска не ги користи парите кои ги има на сметка  за да го подобри живеењето на граѓаните, Владата додели средства за 270 проекти за сите општини во Македонија во вредност од нешто повеќе од 4 милијарди денари што е само прв бран на инвестиции во општините, вели советничката Марковска Илиевска.

280

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен натрупани проблеми. Во лавиринтите на Арсовска се заглавени пари на народот, а таа не ги користи да им го олесни живеењето на главниот град, обвини Анета Марковска Илиевска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден од тие проекти е и изградбата на булеварот Хасан Приштина. Станува збор за капитален проект на кој на сметка на Градот се легнати 10 милиони евра.  Според проекциите, во моментот кога за овој булевар се одвоени народни пари, истиот требаше да биде готов до февруари годинава. Наместо да биде готов, годинава булеварот не е ни почнат – вели Марковска Илиевска.






Таа ја обвини градоначалничката на Град Скопје дека не размислува да го заврши проектот, туку парите ги потрошила за друга намена.

-Мозокот на неспособната Арсовска очигледно не работи во насока како да ги заврши проектите во корист на граѓаните. Очигледно на Арсовка и се важни само личните калкулации или според информации во јавноста парите наместо за булевар се вртеле за други намени, за истиот се правеа тендери за избор на фирми кои ќе го градат, иако има институции што се занимаваат со тоа. Додека Арсовска не ги користи парите кои ги има на сметка  за да го подобри живеењето на граѓаните, Владата додели средства за 270 проекти за сите општини во Македонија во вредност од нешто повеќе од 4 милијарди денари што е само прв бран на инвестиции во општините. На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, ама затоа стартуваше промена на секоја педа на државава во корист на народот – рече Марковска Илиевска.

Поврзани содржини