10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОМОШ ЗА ХАВАИ Опра Винфри и Двејн Џонсон ќе ги помагаат преживеаните во пожарот на Мауи
„Народниот фонд на Мауи“ ќе доделува 1.200 долари месечно на возрасните кои не можат да се вратат во своите домови. Фондот ќе бара и донации за да може подолго време да им плаќа помош на луѓето.
Опра Винфри и актерот Двејн Џонсон денеска најавија дека преку нивниот фонд ќе инвестираат 10 милиони долари за помош на луѓето на хавајскиот остров Мауи кои не можат да се вратат во своите домови поради неодамнешните шумски пожари.
„Народниот фонд на Мауи“ ќе доделува 1.200 долари месечно на возрасните кои не можат да се вратат во своите домови. Фондот ќе бара и донации за да може подолго време да им плаќа помош на луѓето.
Славната американска водителка и холивудскиот актер се надеваат дека фондот ќе може да им помогне на Хавајците најмалку шест месеци.
Најмалку 115 луѓе загинаа во разорните шумски пожари на Мауи. Отровот има 1883,5 квадратни километри и околу 168.300 жители.
Опра Винфри од 2003 година поседува куќа и голем ранч на островот Мауи, на кој често престојувала. По катастрофалниот пожар, Опра е забележана како носи залихи и помага во прифатилиштето за жртвите од несреќата.