10 македонски тркачи викендов на TWINGO CUP во Серес

Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.

251

Интернационален натпревар TWINGO CUP ќе се одржи на тркачката патека во Серес, Грција викендов на 26 и 27 јуни во организација на AKK RENAULT SPORT и официјалните претставници на LEMA Racing.

Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.






Пријавени се вкупно 23 возила и тоа од Словенија, Унгарија, Србија, како и од Македонија. Од земјава ќе учествуваат 10 натпревaрувачи: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Поврзани содржини