10 МАКЕДОНСКИ СЕМЕЈСТВА ИЗБРКАНИ ОД ХОТЕЛ ВО ГРЦИЈА Агенцијата не уплатила пари

2,359

Хотелот „Геракини Ситониа вилиџ“ денеска им го прекинал одморот на 10 македонски семејства со деца, поради нерасчистени сметки со туристичката агенција преку која патувале, велат за Плусинфо дел од револтираните туристи.

Семејствата имале уплатено цел престој во „ЈК Травел“, а агенцијата целосно не ги уплатила парите на хотелот.






Вечерва луѓето со мали деца се пред хотелот и немаат каде да ја поминат ноќта.

„Оставени сме на улица околу 40 луѓе. Исто така на доаѓање две семејства со мали деца беа оставени една ноќ сами да се снаоѓаат на улица поради нерегуларна работа на агенцијата ЈК Травел“, велат туристите од Македонија.

Од туристичката агенција не одговараат на телефон.

Поврзани содржини