10 ГОДИНИ ОД ГРОЗОМОРНИТЕ УБИСТВА КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО Градоначалниците на Бутел и на Гази Баба се сетија на жртвите

На денешен ден пред 10 години се случи грозоморниот чин во кои настрадаа Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче.

304

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, по повод 10 години од трагичниот настан на Смилковското езеро во кои животот го загубија невини луѓе, утрово положија свежо цвеќе и запалија свеќи пред споменикот пставен на местото на убиството.

– Вечна им слава на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски невини луѓе кои ги загубија животите на Смилковското езеро – порача Стефковски.






На денешен ден пред 10 години се случи грозоморниот чин во кои настрадаа четири деца и еден рибар.

Поврзани содржини