10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕЛА ДА ВЛЕЗЕ ВО ГРЦИЈА Македонска пејачка откри какви маки имале познати пејачи и личности

Пеев (македонски песни) во Грција со македонско знаме и добив забрана за влез 10 години, вели Елена Јовческа во поткаст на ТВ Сител.

394

Забраната за влез во Грција им направила проблем на неколку македонски пејачи и познати личности. Во поткаст на ТВ Сител пејачката Елена Јовческа откри дека 10 години не можела да влезе кај јужниот сосед, додека денес при влез е под посебни проверки од грчката полиција.

– Пеев (македонски песни) во Грција со македонско знаме и добив забрана за влез 10 години – вели Јовческа во поткастот.






Меѓу тие што се соочиле со грчка забрана за влез се и Сузана Спасовска, екс новинарот Горан Момировски и други граѓани.

Поврзани содржини