10 ДИВИ ТЕЗГИ ТРЕБА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ОД ЦЕНТАРОТ Ако не ги тргнат самите во рок од 5 дена, ќе ги урива Герасимовски
Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија.
Општина Центар издаде решенија за отстранување на 10 диви објекти за продажба поставени на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија.
Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија. При контролата било утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти, за кои се донесени решенија да бидат отстранети во рок од 5 дена.
Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе го стори тоа.
– Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот – изјави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.