10 ДЕНА ПО НЕСРЕЌАТА НЕМА ОДГОВОРИ НА КЛУЧНИТЕ ПРАШАЊА Опозицијата бара оставки

Оставките на заменик министерот за здравство Илир Хасани, министерот за здравство Венко Филипче и на премиерот Зоран Заев се нужни за да има непристрасна истрага, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

384

И по десетина дена од несреќата, знаеме само дека Филипче и Заев не даваат оставка, додека истрагата нема одговор на ниту едно прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата повторија дека оставките на заменик министерот за здравство Илир Хасани, министерот за здравство Венко Филипче и на премиерот Зоран Заев се нужни за да има непристрасна истрага.






– И додека Хасани, Филипче и Заев си ги чуваат фотелјите јавноста чека одговори: Кој е виновен што сме земја со највисока смртност во Европа од ковид? Кој е виновен што нема нови протоколи за лекување од ковид? Кој е виновен што нема персонал во болниците, и роднини одат да се грижат за пациентите? Кој е виновен што немаше вакцини и сè уште не оди добро процесот на вакцинација? Кој е виновен што народот нема доверба во системот и во вакцинирањето? Кој е виновен што немало технички прием на модуларната во Тетово? Кој е виновен што немало ПП апарати? Кој е виновен што е направена со ПУР пена и никој не водел сметка дали истата е запалива? Кој е виновен што не се дозна кој ги исекол цевките за довод на кислород во модуларната болница во Тетово на почетокот? Кој е виновен што се плаќало по 1.000 денари од роднини на пациенти на сестри, доктори болничари да водат грижа за пациентите, и дали е тоа нормално? Кој е виновен што дополнително надвор од тендерска постапка се поврзувале кислородните цевки? Дали е нормално ова што се случува и ова што го правите? Оставка од Хасани, Филипче и од Заев и никогаш да не се повтори – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини