10.033 РАБОТНИЦИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА БИЗНИСИТЕ И НА ЈАВНИОТ СЕКТОР Што се бара најмногу?

Според пресметките на статистичарите најмногу слободни работи места или 2.052 се за елементарни занимања, а фирмите со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70%.

4

Вкупно 10.033 работници му се потребни на македонското стопанство и администрацијата. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за третиот квартал од годинава.

Според овие податоци стапката на слободни работни места во овој квартал изнесува 2,02%.






Преработувачката индустрија има 2.393 слободни работни места. Неа ја следи трговијата со 1.830, хотелите (719), градежништво (705), транспорт и складирање со 660 слободни работни места.

Според овие податоци добар дел од слободните работни места се во администрацијата каде што не се пополнети  867 работни места, образованието со 730, како и здравството со 458 и во секторот уметност, забава и рекреација со 427 слободни работни места. Вкупно 350 празни работни места има и во стручните, научните и техничките дејности.

Според пресметките на статистичарите најмногу слободни работи места или 2.052 се за елементарни занимања, а фирмите со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70%.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,53%.

 

Поврзани содржини