10.000 вакцини на „Астра зенека“ донирани од Хрватска пристигаат утре

Министерството за здравство информира дека уште 10.000 вакцини пристигаат од Русија.

218

В петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра зенека“ како донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „спутник V “, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека околу 50.000 вакцини се веќе дистрибуирани и денеска се спроведува имунизација во сите градови. Вклучени се и центрите за масовна вакцинација.






Филипче рече дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во промет лек доколку за тоа нема одобрение од Агенцијата за лекови.

– Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни. Не постои шанса да се пушти во промет кој било лек, вклучувајќи и вакцина, доколку Агенцијата за лекови не даде одобрение за тоа. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес – рече Филипче.

Поврзани содржини