10.000 ХАКЕРСКИ НАПАДИ ЗА ВРЕМЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БЕЛГРАД Дали се работи за руско сценарио?
Меѓу нападите се создавање лажни веб-страници и обиди за пробивање на електронска пошта, налози и сервери. Само за време на Белградската безбедносна конференција биле регистрирани повеќе од 10.000 напади врз официјалниот сајт, јави порталот Balkan Insight.
Белградскиот центар за безбедносна политика бил мета на серија дигитални напади кои, според официјалниот извештај на Microsoft Threat Intelligence, се поврзани со руската државна хакерска група „Форест Близард“, позната по операции на ГРУ.
Меѓу нападите се создавање лажни веб-страници и обиди за пробивање на електронска пошта, налози и сервери. Само за време на Белградската безбедносна конференција биле регистрирани повеќе од 10.000 напади врз официјалниот сајт, јави порталот Balkan Insight.
Центарот наведе дека најопасниот инцидент бил изведен од група под директна контрола на руското воено разузнавање, чија цел била дестабилизација и прибирање чувствителни информации.
„Сите напади се идентификувани, погодените сметки веднаш беа обезбедени и воведена е дополнителна заштита“, соопшти Белградскиот центар за безбедносна политика.
Меѓутоа, од организацијата посочуваат дека случајот ја открива реалноста во која функционираат граѓанските институции во Србија — под постојана дигитална закана и притисок од странски актери. Центарот најави дека ќе побара институционална заштита, нагласувајќи дека останува посветен на идеалите за демократско и слободно општество и на патот на Србија кон Европската Унија.