1 Мај 2020 година (петок), Денот на трудот, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот.