1,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АДВОКАТОТ ЗЕЧЕВИЌ Арсовски обвини дека земал паушали од 3 општини

ВМРО-ДПМНЕ не очекува СДСМ да излезе во јавност и да даде, како што рече Арсовски, „еден, ама само еден реален аргумент зошто најдобар избор за овие 3 општини бил генералниот секретар Миле Зечевиќ“.

275

Повеќе од 1,8 милиони денари инкасирало адвокатското друштво на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ од само 3 општини со коишто раководеле кадрите на СДСМ, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните на Скопје, Пробиштип и на Неготино плаќале данок за да може градоначалниците од СДСМ да го платат сегашниот генерален секретар на СДСМ, по основ на паушали за адвокатура. Молкот на СДСМ е доволен показател дека ги немаат аргументите, па дури и кога ги немале аргументите, неаргументирано напаѓале, но сега бидејќи се свесни дека нема со што да се одбранат за ова, молчат. На Зечевиќ, по примерот на Калеска Ванчева, најисплатливо му било да биде закачен на општински и јавните претпријатија преку паушали. Очигледно е дека најисплатливата професија во СДСМ е адвокатурата – рече Арсовски.






Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не очекува овие луѓе да излезат во јавност и да дадат, како што рече, „еден, ама само еден реален аргумент зошто најдобар избор за овие 3 општини бил генералниот секретар Миле Зечевиќ да биде адвокат или пак зошто во претходните 5 институции коишто говоревме идеално адвокатско друштво било друштвото на Калеска Ванчева.“

Поврзани содржини