1.500 ПРОИЗВОДИ ПОСКАПЕА ВО ВРЕМЕТО НА СДСМ Владејачката партија ги открива причините за тоа

Додека елитата на СДСМ се богатеше, економијата се уништуваше, народот осиромашуваше така што СДСМ остави на работ на сиромаштија околу 600.000 граѓани, обвинува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

51

„СДСМ останува на страната на криминалот и на корупцијата. СДСМ останува само на страната на нивната инкриминирана партиска елита. СДСМ не го интересира како живее народот, СДСМ го интересира каде Филипче и Заев ќе ги инвестираат украдените пари“.

Ова се наведува во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.






„Седум години СДСМ ја пљачкаше државата и го осиромашуваше народот, ги деградираше институциите и ја уништуваше економијата, додека неговата партиска елита се богатеше на грбот на граѓаните. Со украдените пари од државата и од народот, сега градат облакодери од 50 ката по Дубаи, добиваат златни визи оттаму и уживаат по нивните златни песоци и под палмите на топлите плажи“, се вели во соопштението.

Додека елитата на СДСМ се богатеше, се додава во соопштението, економијата се уништуваше, народот осиромашуваше така што (СДСМ) остави на работ на сиромаштија околу 600.000 граѓани. СДСМ е партија во чие време на владеење го зголеми ДДВ на прехранбените производи од 5 на 10%, и со тоа директно влијаеше на поскапувањето на околу 1.500 производи, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од минатото, сега граѓаните и бизнис секторот имаат партнер во владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заеднички се носат одлуки и мерки во интерес на сите засегнати страни.

Платите и пензиите растат, се преземаат мерки за намалување на цените на производите, се инвестира во заживување на економијата.

Следи инвестициски циклус од околу 6 милијарди евра во изградба на големи капитални инфраструктурни проекти, како што е изградба на брзата железница од Коридорот 10, кој директно ќе влијае на раст и развој на економијата кој ќе донесе раст на БДП и со тоа и подобар животен стандард.

СДСМ беше и продолжува да биде единствено на страната и во заштита на криминалот и корупцијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини