1.200 ПРОЕКТИ НА ОПШТИНИТЕ ДОБИЈА ПАРИ ОД ВЛАДАТА Перински очекува тоа да бидат поттик за новите градоначалници

Според Перински градоначалниците имале многу предизвици, а немале никаква поддршка од претходната влада.

45

Владата финансираше околу 1.200 проекти од различни области во сите општини низ Македонија, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа на настанот Саем-Отчет, 4 години работа за тебе стои во

-На првиот повик од минатата година се пријавија  општините за 288 проекти, од кои 137 се завршени. На вториот повик  имаше 887 апликации, а беа прифатени точно 828 проекти.  Кумулативно тоа се околу 1.200 проекти кои се реализираат со помош на централната власт – рече Перински.






Според Перински градоначалниците имале многу предизвици, а немале никаква поддршка од претходната влада.

– Ние им помогнавме да ги детектираат предизвиците и да им понудиме одржливост и да им помогнеме во изведба на поголеми проекти бидејќи сите располагаат со различни потенцијали – рече Перински.

Тој  е задоволен од постигнувањата на општините.

– Секој се бори да направи што е можно повеќе и се надевам по изборите ќе бидат дополнително помотивирани да работат за граѓаните – рече Перински.

Поврзани содржини