1.200 ЕВРА ПОВИСОКА ПЛАТА ЗА ПРЕМИЕРОТ, А 1.000 ДЕНАРИ ЗА НАРОДОТ Митева обвини дека Владата прави класичен изборен поткуп

Револт има кај студентите кои сметаат дека таканаречената помош од 1.500 денари не значи помош, туку нивно потценување, бидејќи цела година протестираа и ја молеа владата на СДС и премиерот Ковачевски, да ги исполни нивните барања односно наместо 120 денари да изнесува 140 денари, бидејќи во услови на двоцифрена инфлација не им се доволни за бурек и јогурт, а не за здрав оброк, истакна Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

182

78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 100 денари кои владата на СДСМ и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите само неколку месеци. Станува збор за реален изборен поткуп со кој се потценуваат нашите сограѓани. Трошки за народот, за функционерите од владата зголемени плати, обвини денеска портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

– И додека владата на СДС и премиерот Ковачевски го користи државниот буџет за поткуп, според податоците на официјалните институции и одлуката на Уставен суд со коефициент 4,5 помножен со минатогодишната бруто-плата која изнесуваше 47.000 денари, премиерот Ковачевски кој до март месец зел плата од 88.260 денари, изминатите 9 месеци зема плата од 156.000 денари, или за цели 67.740 денари покачување. 67.000 денари повисока плата за Ковачевски, а 1.000 денари за народот изборен поткуп. Шефот на државата Стево Пендаровски кој земал 92.000 денари сè до одлуката за зголемени плати со 78 процентното покачувањето на сметката месечно му легнуваат 165.000 денари, односно со покачувањето од над 1.200 евра, сега платата на Стево му се пресметува на над 2.600 евра месечно. Значи покачување од на 1.200 евра за Пендаровски, а за народот трошки од 1.000 денари изборен поткуп. Највисока плата со покачувањето од 78 проценти зема и спикерот на Собранието, Талат Џафери со 166.000 денари месечно. Ова значи дека со покачувањето од над 1.000 евра, претседателот на Собранието Џафери, премиерот Ковачевски и шефот на државата Пендаровски ќе добијат зголемување на платата од над 50 евра повеќе за секој работен ден. Инаку, функционерските плати ќе продолжат да растат и следната година, односно ќе  бидат поголеми и до 400 евра бидејќи според законот тие растат согласно растот на просечната плата во државата – рече Митева.






Револт има и кај студентите кои сметаат дека таканаречената помош од 1.500 денари не значи помош, туку нивно потценување, бидејќи цела година протестираа и ја молеа владата на СДС и премиерот Ковачевски, да ги исполни нивните барања односно наместо 120 денари да изнесува 140 денари, бидејќи во услови на двоцифрена инфлација не им се доволни за бурек и јогурт, а не за здрав оброк, додаде таа.

– Па така ова краткорочната помош  на владата на СДС за пензионерите, студентите и средношколците нема споредба со покачувањето на функционерските плати, со оглед дека 78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 1.500 денари кои владата и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите, е само уште еден неуспешен обид за масовен изборен поткуп преку користење на државните ресурси – истакна Митева.

Во однос на лидерската средба закажана за в понеделник во 12 часот, Митева вели дека партијата очекува да се прецизира датумот за избори, забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и укинувањето на техничката влада.

– Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник која што е поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која ние очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датумот за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има часови со студентите на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор – нагласи Митева.

Поврзани содржини