1,2 МИЛИОН ЕВРА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА УНИКАТНОСТ Јавен повик за проекти за рамномерен регионален развој

Целта на повикот е доделување пари за проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, за јакнење на регионалната конкурентност и за поттикнување на локалниот развој, преку искористување на сопствените потенцијали.

106

Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање предлог-проекти насочени кон намалување на разликите меѓу и во планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, а со цел да се поттикне рамномерен регионален развој.

Целта на повикот е доделување пари за проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, за јакнење на регионалната конкурентност и за поттикнување на локалниот развој, преку искористување на сопствените потенцијали.






Како приоритетни за 2026 година се утврдени повеќе активности и мерки – развој на современа и модерна инфраструктура, препознавање и искористување на конкурентските предности, како и подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.

За финансирање на проектите се предвидени 74.840.000 денари (1,2 милион евра), соопшти Министерството за локална самоуправа.

Право на поднесување предлог-проекти имаат центрите за развој на планските региони, општините, општините во Скопје, Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата и од општините, високообразовните и научните институции и здруженијата.

Рок за поднесување апликациите е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.

Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа на овој линк.

 

Поврзани содржини