1.180 рамковни од 1.349 ги потпишале решенијата за работа, се чека да почнат
26 од административците одбија да потпишат нови решенија за вработување. Вработените кои не ги потпишале решенијата, им престанува работниот однос во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и истите се евидентирани во трансфери листата на Министерството за информатичко општество и администрација.
1.180 од вкупно 1.349 рамковно вработени ги потпишале новите решенија за вработување и во рокот предвиден со закон, тие ќе почнат со работа, информира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
– 26 од административците одбија да потпишат нови решенија за вработување. Вработените кои не ги потпишале решенијата, им престанува работниот однос во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и истите се евидентирани во трансфери листата на Министерството за информатичко општество и администрација – велат од Министерството.
Раководните лица во институциите каде се распределени рамковните, се должни да ја почнат постапка за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од законот во рок од 30 дена од усвојувањето на Планот за преземање, согласно член 4 од овој закон.
Од Министерството за политички систем велат дека во законскиот рок ќе ги распредели решенијата и на 135 административни службеници кои воопшто не се појавиле.
Голем дел од институциите од вкупно 237 каде рамковните се веќе распределени до Министерството за политички систем, испратиле соопштенија дека овие службеници наскоро ќе почнат со работа бидејќи нивните работни места се подготвени. Останатите институции го информирале Министерството за политички систем дека се во процес на повторно систематизирање на работните места и дека нивните измени се веќе испратени на одобрување до Министерството за информатичко општество.