1.171 ЗАРАЗЕНИ ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ Од ковид починаа тројца наши сограѓани

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 275 реинфекции, додека 390 пациенти од денеска се водат како оздравени.

289

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена се направени 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на ковид-19 во земјава.

Најмногу заблени има во Скопје , вкупно 485, додека на второ место на листата со најмногу заразени е Битола со 87. Следуваат Кавадарци – 78, Прилеп – 61, Куманово – 60, Охрид – 51, Гостивар – 49, Велес – 43, Тетово – 32, Штип и Струга – по 29, Струмица – 28, Кичево – 23, Гевгелија – 18, Неготино – 15, Ресен – 14, Кочани – 13, Радовиш – 11, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 6, Виница и Демир Хисар – по 5, Богданци – 3, Берово, Кратово и Крушево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.






Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 275 реинфекции, додека 390 пациенти од денеска се водат како оздравени.

Во текот на изминатите 3 дена пријавени се 3 починати лица, сите од Скопје (75, 80 и 83). Од Институтот за јавно здравје информираат дела лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.180, бројот на оздравени пациенти е 313.833, на починати е 9.373, а бројот на активни случаи изнесува 4.974.

Поврзани содржини