1.118 СРЕДНОШКОЛЦИ ЈА ПОЛАГААТ ДРЖАВНАТА МАТУРА Денеска се полага задолжителниот предмет

Тестот по мајчин јазик денеска ќе го полагаат:  352 -  македонски јазик, 225 – албански јазик и девет кандидати – турски јазик.  

74

Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература. На 14 август (четврток), пак, е полагањето на вториот, изборен екстерен испит од државната матура во августовската испитна сесија.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1.118 ученици. Тестот по мајчин јазик денеска ќе го полагаат:  352 –  македонски јазик, 225 – албански јазик и девет кандидати – турски јазик.






За полагањето задутре се пријавени: за англиски јазик –  779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.

Според видот на образование, од гимназиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 матуранти од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.

МОН и ДИЦ минатата недела ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година. Посечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.

Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15. 004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици и тие  ќе може повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

Поврзани содржини