Двојничка на Ријана ги збунува нејзините следачи (ФОТО)

Девојката очигледно и имала намера, со својот стил, шминка и облека, што повеќе да личи на поп-ѕвездата.

917

Тик-ток „ѕвездата“ Присила Беатрис се прослави преку ноќ како двојничка на пејачката Ријана и продолжува да ги збунува и нејзините и своите обожаватели.

„Личи на Ријана повеќе и од Ријана“, гласи еден од коментарите.






Девојката очигледно и имала намера, со својот стил, шминка и облека, што повеќе да личи на поп-ѕвездата.

Многумина се, просто, вџашени од сличноста меѓу нив две, а меѓу нив, се чини, и самата Ријана. И таа имаше свој коментар, па се пошегува на своја сметка на еден од порталите што го споделија видеото на имитаторката.

„Кога албумот, сестро? #Р9“, напиша Ријана.

Таа тоа го рече имајќи го предвид долгоочекуваниот нејзин следен албум што, според многумина, досега требаше да биде готов. Последниот, осми албум, таа го издаде 2016 година.

Поврзани содржини