ЗОШТО ВИКАЊЕТО НЕ ФУНКЦИОНИРА? Кога го покачувате тонот, кај децата се активни само оние делови од мозокот кои служат за одбрана и заштита
Истражувањата покажаа дека викањето кај децата може да поттикне анксиозност, депресија и ниска самодоверба. Научниците кои учествувале во гореспоменатите студии објаснуваат дека децата на кои често им се вика се повеќе склони кон анксиозност и депресија во подоцнежниот живот.
Начинот на кој родителите се однесуваат во одредени ситуации може да има големо влијание врз развојот и долгорочното здравје на детето, предупредуваат психолозите.
Како што пренесува порталот Parents, секој родител повремено чувствува потреба да го крене гласот во комуникацијата со своето дете, особено ако тоа прави нешто што не треба.
Сепак, викањето на децата има многу негативни последици, додека позитивни нема.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.