ЗОШТО ТАТО ИМА ПЕНИС, А МАМА НЕ? Дали е во ред децата да нè видат голи и каде е границата?
Многу родители се прашуваат дали е прифатливо да бидат голи пред своите деца? Иако повеќето експерти велат дека е, сепак постојат неколку важни работи што треба да ги земете предвид.
Кога станува збор за голотијата пред сопствените деца, мислењата се разликуваат. Во многу домаќинства, вообичаено е родителите да се бањаат со своите деца или да се пресоблекуваат во присуство на малите деца. Но, многумина сигурно се прашувале дали е потребно да се постават некои граници ако детето е од спротивен пол или достигнало одредена возраст.
„Нема ништо лошо во тоа да бидете голи пред членовите на вашето семејство“, вели Пол Абрамсон, професор на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) кој ја проучува човечката сексуалност, додавајќи дека една студија покажала дека изложеноста на родителска голотија немала штетни ефекти врз децата на возраст од 3 до 6 години. Иако неговата изјава може да биде охрабрувачка, многу родители сè уште имаат сомнежи и се прашуваат кога треба да почнат да се „покриваат“ и да бидат подискретни со своите деца.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.