ЗОШТО СЕ РАЃААТ СЀ ПОМАЛКУ МАШКИ ДЕЦА? Хемикалиите на кои сме секојдневно изложени штетно влијаат и на машката плодност

Документарецот „Мажот што исчезнува“ зборува за причините зошто машката популација се намалува и зошто сѐ повеќе мажи имаат проблеми со плодноста. Според него, токсичните материи кои се насекаде околу нас ја загрозуваат способноста на мажите за репродукција.

290

Често се прашуваме кои креми да ги користиме за нежната детска кожа, особено за најчувствителните области како што се гениталиите и лицето. Која облека и пелени подобро одговараат на кожата на бебето и му дозволуваат да дише. Секако, секоја мајка сака на своето дете да му го даде само најдоброто, но мислењата за тоа што е најдобро се доста поделени дури и меѓу мајките.

Индустријата (козметика, фармација…) е исклучително моќна, а судејќи по рекламите, можеме да заклучиме колку пари се заработуваат во оваа индустрија. Има сѐ повеќе козметички, фармацевтски препарати и производи од синтетички материјали или пластика, вклучително и оние наменети за бебиња и мали деца, а ефектите на сите овие производи врз нашето здравје се еднострано познати. Обично ги знаеме нивните позитивни својства и придобивките што ги носат во нашите животи, но знаеме премалку за негативните ефекти што веројатно ќе ги предизвикаат, главно затоа што производителите не сакаат негативните резултати да излезат во јавноста.






Документарецот „Мажот што исчезнува“ зборува за еден исклучително важен и малку познат факт што ѝ се случува на нашата популација, за токсичните материи кои се насекаде околу нас и ја загрозуваат способноста на мажите за репродукција.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини