ЗОШТО РОДИТЕЛИТЕ НЕ УЖИВААТ ВО ИГРАЊЕТО СО СВОИТЕ ДЕЦА? Играњето треба да биде радост, а не должност

Играта треба да биде радост, а не должност. Со други зборови, ако не уживате во неа, всушност не си играте. Клучот за забавна игра е да се пронајде активност што е интересна за сите, вели мајката и социолог Нина Палмо

0

Нина Палмо е социолог која предава и пишува за родителство, школување и слични теми, но и мајка на две девојчиња. Таа објави интересна статија за играњето со децата, опишувајќи зошто не сака да си игра со своите деца и прашувајќи се себеси: „Сакам да бидам мајка која ужива да си игра со своите деца и да се забавува. Зошто не можам?“

Деца, досада и креативност






– Не се забавуваме кога играме затоа што јас всушност не си играм. Дефиницијата за игра вклучува активност и уживање или одмор. Тоа значи да се прави нешто од радост, а не од обврска, објасни мајката. Таа неодамна откри провокативна статија од развојниот психолог Питер Греј, која објаснува дека играта има важна улога за децата.

– Тие учат преку игра. Преку игра, тие испробуваат возрасни улоги како што се подготовка на храна, возење со автобус или грижа за бебе. Како возрасни, ние веќе ги имаме развиено овие вештини, па ни е здодевно кога играме. Човечкиот мозок учи и вежба нови вештини кога знае дека ќе ни бидат корисни. За возрасните, седењето и играњето додека прават вечера или возат автомобил е здодевно, исто како повторно да ја учат азбуката. Здодевно е и сакаме да го завршиме, објасни таа.

Играњето треба да биде радост, а не должност

– Што ќе правам сега? Како можам да поминувам време со моите деца ако не си играм? Не е ли заедничкото играње важно за развивање на врските и поминување квалитетно време заедно?, продолжува мајката.

Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини