ЗОШТО ПЕКИНГ НЕ ГО ДАВА ТАЈПЕЈ? Тајван оставен во немилост на кинеската армија
Пекинг и Тајпеј се ривали во т.н. кинески свет. И двата града се административни центри на Кина, и двете страни не ја признаваат другата. „Добродојдовте во Кина“ му се вели на секој намерник и на двете страни од Тајванскиот Теснец.
Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес дојде и си замина од Тајван, оставајќи го островот зад себе на милост и немилост на кинеската армија. Токму во моментов Тајван е во речиси потполна блокада на кинеската морнарица и авијација, а во големата воена вежба која се одигрува на шест различни локации околу земјата, се користи боева муниција. Во исто време се тестираат и балистички ракети, чија траекторија на движење го нарушува територијалниот интегритет на Тајван.
Дека Пекинг е решен да ја казни непослушноста на Тајпеј, потврди и првиот дипломат на Кина, министертот за надворешни работи Ванг Ји. Тој ја нарече посетата на Пелоси манична, неодговорна и крајно ирационална. Ванг на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН во Пном Пен, Камбоџа, рече дека Кина направила најголеми дипломатски напори за да ја спречи кризата, но никогаш нема да дозволи да бидат повредени нејзините суштински интереси.

„Околу 10 бродови на кинеската морнарица ја преминаа централната линија и останаа во областа од средата навечер до четвртокот, а повеќе кинески воени авиони на кратко ја преминаа централната линија во четвртокот наутро. Тајван распореди ракетни системи за следење на активностите на кинеското воздухопловство во близина на централната линија, а бродовите на тајванската морнарица останаа блиску до централната линија за да ја следат кинеската поморска активност“, објавија тајванските власти.
‼️✈️🇨🇳Flights of J-20, Su-30MKK, J-16 fighter jets and the Xian Y-20 air tanker of the PLA Air Force over the provinces of Zhejiang and Fujian adjacent to the Taiwan Strait during the sudden exercises of the People’s Liberation Army of China,August 3,2022‼️ pic.twitter.com/Trpd4IVwqC
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZmilitary1) August 3, 2022
Зошто Кина не го дава Тајван?
Тајван е островска земја, а најголемиот остров од мореузот е оддалечен од кинеското копно околу 150 километри. Тајванската независност е признаена од 13 земји, меѓу кои и Ватикан, а во еден кус период дипломатски врски беа воспоставени и со Македонија.
САД официјално ја признаваат политиката на Пекинг за „една Кина“, но во последните месеци Вашингтон ја засили реториката во правец на засилена поддршка за Тајван, за во еден момент американскиот претседател Џо Бајден да потврди дека војската на неговата земја ќе го брани островот од евентуалната кинеска агресија.
Кинескиот претседател Си Џингпин, телефонски го предупреди Бајден да не се игра со оган, во пресрет на посетата на Пелоси. Официјален Пекинг кон Тајван има однос како кон своја провинција и не е согласен со никакви посети на странски државници на Тајпеј. Кинезите на посетата на американската конгресменка гледаат како на де факто признавање на суверенитетот на Тајван, што за Кина е еднакво на повик на војна.
Историјата на двете Кини
Историските извори укажуваат дека Тајван под кинеска власт се наоѓа уште од 17 век, во времето на династијата Кјинг. По првата кинеско-јапонска војна, во 1895 година островот, заедно со други територии на североистокот од земјата потпаѓаат под јапонска управа. Кина го поврати Тајван во 1945 година, по капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.
Но мирот во Кина ќе дојде дури четири години по војната, бидејќи во тој период се води крвава граѓанска војна помеѓу комунистичките сили предводени од Мао Цедунг и националистите на Чанг Кај Шек. Во 1949 комунистите триумфално влегуваат во Пекинг и ја прогласуваат Народна Република Кина, а поразениот Чанг Кај Шек под заштита на британските и американските сили се повлекува на Тајван, со што барем формално продолжува традицијата на Република Кина.
Пекинг и Тајпеј се ривали во т.н. кинески свет. И двата града се административни центри на Кина, и двете страни не ја признаваат другата. „Добродојдовте во Кина“ му се вели на секој намерник и на двете страни од Тајванскиот Теснец.
Затоа Пекинг никогаш нема да се откаже од намерата да го врати островот под своја контрола, бидејќи тоа значи дека ја признава власта на националистите (Куомитанг), заколнатите непријатели на Комунистичкита партија.
Важноста на Тајван
На Тајван живеат околу 30 милиони луѓе, а неговата релативна блискост до Кина го прави стратешки важен за американската војска, која има поголем број бази во регионот.
Сепак, кога треба да се истакне важноста на Тајван, во прв ред мора да се извади неговото масовно производство на полупроводници и друга електроника. Дури 65 отсто од светската побарувачка на компјутерски чипови е задоволена од тајванските компании, а оваа земја е водечка и во производството на чипови кои се употребуваат во воената технологија. Евентуалната инвазија на Кина, би предизвикала огромни проблеми во технолошкиот развој и производство, буквално во целиот свет.
Може ли Тајван да се одбрани?
