ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДЕЦАТА ДА ИМААТ СВОИ ПАРИ? Не смеат да прават што сакаат и да трошат без да прашаат
Дали децата треба да имаат свои пари, како можеме да ги научиме да управуваат со нив, кога треба да им се дава џепарлак, се само некои од дилемите со кои се соочуваат родителите. Билјана Грбовиќ, авторка на прирачникот за родители „Сакам што те родив токму тебе, токму таков/таква“, вели дека кога станува збор за парите, примерот што родителите им го даваат преку своето однесување е многу важен за децата, но пред сè е важно колку се научени да водат дисциплиниран живот.

Децата обично би купиле сè и би го направиле тоа веднаш, па затоа речиси и да нема родител кој не се нашол во ситуација каде што детето во продавница зема играчка, бомбона… и не сака да ги остави. Таквото однесување е типично за најмладите, бидејќи тие имаат нагон веднаш да ги задоволат своите желби и потреби.
Принцип на задоволство и принцип на корисност
Билјана Грбовиќ, основач на Здружението на родители „Матица“, магистер по медиумски дизајн во образованието и наставничка во основно училиште, за порталот N1 истакнува дека кај секоја личност, вклучително и кај детето, два принципа секогаш се во војна – принципот на задоволство и принципот на корисност, и дека е многу важно детето да научи да се спротивстави на задоволството и да направи корисен избор.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.