ЗОШТО КИНА САКА КАНАЛ ВАРДАР-МОРАВА-ДУНАВ? Најмалку ѝ одговара на Турција

Иако биле изработени повеќе студии за изводливост, ниту една од нив не била проследена со конкретни активности или со официјален меѓудржавен договор.

317

Кина планира да ископа канал низ Балканот, кој би го поврзал Егејското Море – преку реките Морава и Вардар – со Дунав, со што би се скратило растојанието за транспорт на кинески стоки за повеќе од 1.000 километри до големите европски центри.

Сепак, проектот се соочува со неколку предизвици, а клучен е потребата од соработка на Србија, Косово, Македонија и Грција. Исто така, Турција се спротивставува на оваа идеја, бидејќи со завршувањето на каналот, повеќето бродови би престанале да ги користат турските теснеци.






Кина предложи голем проект пред неколку години како дел од иницијативата „Еден појас, еден пат“ вредна три трилиони долари. Планот е да се изгради систем на канали што би го поврзал Егејското Море (преку грчкото пристаниште Солун) со Дунав, следејќи го текот на реките Вардар и Морава.

Проектот вреден десетици милијарди долари во минатото беше разгледуван од институции во Србија, како и од неколку странски компании, меѓу кои и кинески инвеститори. Иако биле изработени повеќе студии за изводливост, ниту една од нив не била проследена со конкретни активности или со официјален меѓудржавен договор.
Сепак, сериозни пречки го попречуваат напредокот: пред се непловноста на Морава и на Вардар, кои налагаат потребаод масовни зафати врз речните корита, огромната цена и големите еколошки ризици. Според дел од студиите, ваквиот проект би носел значително влијание врз хидрологијата, биодиверзитетот и земјоделството на регионот.
Иако привлекува интерес поради геостратешките придобивки, особено за Србија и за Македонија, кои на тој начин би добиле пристап до море, експертите предупредуваат дека бенефитите мора да се стават во реален контекст. Потребно е долгорочно и заедничко финансирање, јасни процени за обемот на транспорт што би го користел каналот, како и гаранции дека проектот нема да предизвика несогледливи штети врз природната средина.

Поврзани содржини