ЗОШТО ИНТЕРНЕТОТ ПОЛУДЕ ПО СТИЛОТ ГИБЛИ? Во последните денови сите фотки креирани со ВИ се со истиот шаблон

Аниматорите Мијазаки и Такахата го основале Студио Гибли, па оттаму и фразата „да те гиблифицирам“, која се користи во мемиња овие денови. Тие се автори на познати аниме филмови.

806

Интенернетот последните денови како да „полуде“ по Гибли, стил на анимирање со помош на вештачка интелигенција. На социјалните мрежи се појавија стотици анимации од познати ликови креирани на овој начин.

Се работи за имитација на стилот на познатите аниматори Хајао Мијазаки и Исао Такахата, креатори на познатите анимирани „аниме“ филмови како Принцезата Мононоке, Мојот сосед, Тоторо, Spirited Away (добитник на Оскар), Подвижниот замок на Хаул.






Мијазаки и Такахата го основале Студио Гибли, па оттаму и фразата „да те гиблифицирам“, која се користи во мемиња, кратки хумористични слики, овие денови.

Аниме филмовите на Мијазаки и Такахата се вистински културен феномен. Тоа е естетика на нежни линии, богати пејзажи и на ликови со големи експресивни очи.

Доколку имате платена верзија на Чат ГПТ или друг чатбот или алатка со вештачка интелигенција за уредување слики можете да прикачите фотографија од ликот кој понатаму може да биде „гиблифициран“.

Или можеби целосно изведен во стил на некој друг познат цртач или аниматор.

 

Поврзани содржини