ЗОШТО ДЕВОЈКИТЕ МАСОВНО ЗАМРЗНУВААТ ЈАЈЦЕ-КЛЕТКИ? Припаднички на генерацијата З отворено зборуваат за новиот тренд на Тик-Ток

Бројот на процедури за замрзнување јајце клетки рапидно се зголеми во светот, но експертите предупредуваат на опасноста што ја носи со себе и на неискуството на различни клиники за ИВФ.

211

Зошто припадничките на генерацијата Z масовно одлучуваат да ги замрзнат своите јајце-клетки?

На Тик-Ток веќе извесно време е популарен новиот тренд на хаштаг #eggfreezingjourney, со повеќе од 32 милиони прегледи, во кој млади жени, членки на генерацијата Z, ги користат социјалните мрежи за да ги повикаат другите жени на иста возраст да се одлучат за процедурата за замрзнување јајце клетки.






Иако не се знае колку жени во дваесетите години од животот решиле да се подложат на оваа процедура, околу 1.363 лица помлади од 34 години поминале барем еден циклус на замрзнување на јајце клетки во Велика Британија, пишува Дејли Мејл. Се смета дека бројот на жени кои ги замрзнуваат јајцата се зголемил за време на Ковид, бидејќи многумина стравувале дека им снемува време да имаат дете. Но, членовите на генерацијата Z имаат други причини за кои зборуваат на Тик Ток.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини