ЗОШТО ДЕЦАТА ТОЛКУ МНОГУ САКААТ ЦРТАНИ? Децата гравитираат кон содржини со кои можат да се поистоветат
Дали ви се смачени сите оние звуци и воведни шпици од цртаните што ги гледа вашето дете? Можеби се прашувате кога конечно ќе ги надрасне и ќе најде некој друг вид на забава?
Има причини зошто децата толку многу ги сакаат цртаните, но има и надеж во однос на прашањето кога конечно ќе преминат на содржини кои се интересни и за возрасните, како на пример на некои симпатични серии кои може да ги гледа цело семејство.
Тифани Ман, сертифициран специјалист за детски живот во Providence Health & Services, во интервју за Romper рекла дека возраста на вашето дете влијае на тоа каков вид на телевизиски содржини претпочита. Цртаните се анимирани за да го задоволат она што им е потребно на нивните млади мозоци за развој и раст.
„Цртаните се карактеризираат со светли бои, различен степен на движење, едноставни теми или пораки што децата можат да ги разберат, пократко траење, различни звуци и други стимули кои ги интересираат децата“, вели Ман.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.