ЗОШТО ДЕЦАТА НЕ ТРЕБА ДА ЈАДАТ АВТОМАТСКИ Оброците не се само за да го нахранат бебето, туку и да развијат здрав однос со храната

Бебињата учат за текстурите и вкусовите за време на оброците, учат што значи да се биде гладен и сит, а сето ова може да биде нарушено ако дозволите детето да јаде пред екран или додека го занимавате со нешто друго

22

Постојат неколку многу важни причини поврзани со здравиот психофизички развој поради кои е подобро да бидете трпеливи со вашето малечко додека му давате да јаде, наместо да му „помагате“ да јаде користејќи разни други занимации или му давате да јаде пред екран.
Колку пати сте слушнале – оброците не се само за да го нахранат бебето, туку и за да развијат здрав однос со храната.
Бебињата учат за текстурите и вкусовите за време на оброците, учат што значи да се биде гладен и сит, а сето ова може да биде нарушено ако дозволите детето да јаде пред екран или додека го занимавате со нешто друго.
Здравите навики во исхраната вклучуваат и свесно џвакање, голтање и интеракција со околината, а екранот за време на оброците или разноразните играчки со кои му го вртите вниманието од храната, го одзема фокусот од нивниот развој.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини