ЗОШТО ДЕЦАТА ЛАЖАТ? Психолозите објаснуваат: Сè почнува од родителските лажни ветувања
Не им давајте лажни ветувања, бидејќи тие го паметат тоа и го усвојуваат како вистински систем по кој треба да функционираат
Децата многу често не се согласуваат со родителите, а тоа е најизразено во пубертетот и оние критични години за секое дете, кога мислат дека никој не ги разбира и не ги поддржува. Бројни истражувања велат дека сè потекнува од раното детство, вклучувајќи го и „талентот“ за лажење.
Родителите, секако, играат голема и најважна улога во растењето на детето и во формирањето на неговиот карактер. Честопати не сте ни свесни дека децата го прифаќаат моделот на однесување што го имаат пред себе.
Не им давајте лажни ветувања, бидејќи тие го паметат тоа и го усвојуваат како вистински систем по кој треба да функционираат.
На пример, „ќе добиеш играчка ако изедеш сè од чинијата“ е одличен услов да го научите дека треба да изеде сè, но најлошиот можен метод на едукација е ако го измамите и не го купите ветеното, односно, играчка како награда.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.