ЗИМСКИ РАДОСТИ СО ПИВСКИ КОКТЕЛИ, ГРЕЕНО ПИВО, ПИВО ОД КАКИ… Пивски салон со реден број 8, утре, во Макка

На утрешниот (24.12) пивски салон во Макка бар, според организаторот Марјан Костадиновски, ќе биде повеќе од интересно. Малите производители на добро, чисто и здраво пиво ќе ги донесат своите производи, а меѓу нив освен веќе испробаните, ќе има и сосема нови, тукушто испилени пива и пивари и интересни пивски комбинации. Од пивски коктели, до греено пиво, но и по некоја ракија од Вк и Плетварски, а за да не биде на „голо“ ќе се погрижат пријателите од Слоу фуд.

346

Марјан Костадиновски алијас Мац од „Сакам пиво“ и „Пивотека“, има долга пивска историја за која веќе сме пишувале, сепак, воочи утрешниот (24.12) Пивски салон во Макка, мора да споменеме дека без неговата пасија за пивото и упорноста немаше да го имаме овој, сега веќе традиционален Пивски салон во Скопје.

А дека Мац е многу сериозен во врска со пивото зборува и тоа што тој полека, но сигурно го проширува кругот на вистински пасионирани пивољупци. Од неодамна, заедно со 150 пивски судии од цел свет, тој е и надворешен неофицијален пивски судија на интернационалните натпревари за пиво. Иако велиме дека е ова скопски пивски настан, вистината е дека неговите почетоци се во Битола.






Имено, Мац, заедно со Слоу фуд Битола го направија првиот настан на кој пивото и малите производители на пиво без главни ѕвезди, во Битола, во 2017.година.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини