ЖИВОТОТ Е ПОДОБАР СО ПОМАЛКУ 7 причини зошто на мајките им е потребен минимализам
Мајка на четири деца се ослободила од вишокот работи во својот живот и дом и станала посреќна жена откако го сторила тоа. Tаа има стотици илјади следбеници на Инстаграм, напишала книга и објаснува што сè се променило во нејзиниот живот
– Кога луѓето размислуваат за минимализам, мислам дека повеќето од нив замислуваат стан со еден кауч во дневната соба, бели ѕидови, без телевизор, без играчки и без растенија во кујната.
Поентата не е во тоа. Пред три години, прифаќањето на минимализмот го промени мојот живот и го трансформираше моето мајчинство од живот полн со гнев и фрустрација во живот на среќа и леснотија, живот без стрес – пишува мајката Али Касаца.
Таа нашла нов начин да живее полесен и поубав живот во кој сè е поедноставно и подобро.
– Се заљубив во она што значи „помалку“ и никогаш не се осврнав назад. Мојот брак драстично се подобри, моите деца се помалку вознемирени затоа што не викам, нема неред насекаде каде што ќе погледнам и се наоѓам себеси како седам на подот со синовите и си играм со вовчиња, гледам стар филм за Џејмс Бонд со мојот сопруг, готвам многу повеќе и шетам со мојата мала ќерка. Одеднаш сум помалку зафатена и подобра личност во целина. Сето тоа затоа што се ослободив од работите што не ми требаат – вели таа, објаснувајќи зошто нејзиниот живот е подобар со помалку работи.
Зошто на мајките им е потребен минимализам? Повеќе за ова прочитајте ТУКА.