ЖИВОТОТ Ѝ Е ПЕКОЛ Потресна исповед на девојка која е алергична на вода (ФОТО)
Теса се тушира само два пати месечно, а самото консумирање вода и создава тешкотии.
Теса Хансен Смит, студентка од Калифорнија, е алергична на вода и добива исип и треска секогаш кога плаче, се тушира или се поти!
Оваа млада девојка боледува од водена уртикарија, ретка состојба која погодува околу 100 луѓе во светот.
Покрај горенаведените симптоми, чувствува мачнина по контакт со вода, но добива и напади на мигрена. Нејзината состојба ја спречува да се занимава со спорт.
Таа се тушира само два пати месечно, а самото консумирање вода и создава тешкотии.
View this post on Instagram
Теса открива дека најпрво се посомневала дека има алергија на сапун или шампон.
Првите симптоми се појавиле кога имала осум години кога вежбала пливање и добила исип по престојот во базен.
View this post on Instagram
Теса истакнува дека нејзината алергија на вода во голема мера се одразила на нејзиното ментално здравје и дека ѝ е тешко да зема големо количество лекови, знаејќи дека сепак засекогаш ќе биде болна.
– Порано пиев по 12 таблети дневно, сега девет – вели оваа девојка.
Сепак, оваа храбра девојка вели дека се труди да не го контролира својот живот и дека планира да се осамостои и да се запише на факултет во родниот град.
View this post on Instagram