ЖИВОТИТЕ НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ МОЖЕБИ ЌЕ БИДАТ ПОШТЕДЕНИ? 22 години од нападот врз Кулите близначки во САД

На сослушување во 2007 година Шеик Мохамед ја призна вината. Рече дека бил „главен архитект“ на нападот. Ова може да ја смени неговата смртна пресуда. 

703

И по 22 години од ужасниот судар на два авиони „Американ Ерлајнс“ во Светскиот трговски центар во САД и уште по еден во Пентагон и во поле во Пенсилванија мистеријата останува неразрешена. Познато е дека зад нападот стоеше терористичката организација Ал Каеда предводена од Осама Бин Ладен кој беше ликвидиран дури во мај 2011 година.

Судењето на векот






Но, петтемина организатори кои во злогласниот затвор Гвантанамо во Куба ја отслужуваат казната за овој немил настан можеби и ќе бидат поштедени од смртна казна, пишува Ју-Ес-Еј Тудеј.

„Судењето на векот“, како што го нарекуваат во САД е повторно во неколк лавиринт. Главниот организиратор и самопризнат нарачател Калид Шеик Мохамед и четворицата соучесници можеби ќе се спогодат. Според други извори, ваков договор можеби никогаш нема да биде финализиран иако тоа го сакаат адвокатите на одбраната.

Но, писмото од Канцеларијата на воените комисии – Орган за свикување ги предупреди дека „можно е PTA во овој случај да ја отстрани можноста за смртна казна при изрекувањето на пресудата“ и побара нивен придонес.

Бајден под притисок да не прифаќа спогодба за обвинетите

Мохамед беше уапсен во 2003 година од страна на ЦИА. Во нападот загинаа повеќе од 3.000 луѓе. Повеќе од 20.000 остатоци од телата до ден-денес се неидентификувани и покрај ДНК-анализите. Семејствата на настраданите остро реагираа на можноста за некаква спогодба со осудените за нападот.

На сослушување во 2007 година Шеик Мохамед ја призна вината. Рече дека бил „главен архитект“ на нападот. Ова може да ја смени неговата смртна пресуда.

– Затоа што војна, сигурно, ќе има жртви. Кога реков дека не сум среќен што три илјади се убиени во Америка. Дури и жал ми е. … Убиството е забрането во сите оние што ги нарекувате Луѓе на книгата, Евреи, јудаизам, христијанство и ислам. Вие многу добро ги знаете Десетте заповеди. Десетте заповеди се споделуваат меѓу сите нас. Сите ние му служиме на еден Бог.

Минатата недела, откако потенцијалните спогодби за вина наидоа на остра осуда од семејствата и некои пратеници во Конгр1есот, претседателот Џо Бајден издаде изјава во која се вели дека се согласува со препораката на секретарот за одбрана Лојд Остин да не се прифаќаат условите за спогодба предложени од обвинетите за 11 септември и нивните адвокати.

Признавање вина во замена за избегнување на смртта?

Потполковникот Адам Кол, портпарол на Канцеларијата за воени комисии на Пентагон, рече дека обвинителите и адвокатите на одбраната ќе се соберат во Гвантанамо уште оваа недела за да ја обноват предистражната судска постапка, во која ќе продолжат да расправаат за навидум бескрајната серија предлози.

Не е одреден датум за судење, а фрустрациите поттикнаа најмалку еден преживеан од семејството на 11 септември да се расправа за да се дозволи спогодба за признавање вина.

Колин Кели, чиј помлад брат Бил исто така беше убиен во Северната кула, во сведочењето пред Судскиот комитет на Сенатот во декември 2021 година призна дека таков договор теоретски може да вклучи поштеда на животите на КСМ и на другите.

– Ние разбираме дека во замена за признавањето на вината, владата најверојатно повеќе нема да бара смртна казна – ова делумно ќе биде препознавање на тортурата што ја доживеа секој од обвинетите – сведочеше Кели.

Како се случи нападот во 2001 година?

На денешен ден во 2001 година припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони со намера да ги извршат нападу врз симболите на САД. Два авиони во рок од 16 минути се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк. Авион на „Американ ерлајнс“ во осум часот и 46 минути (по локално време) удри во Северната кула на комплексот Светски трговски центар. Во девет часот и три минути, исто така авион на „Американ ерлајнс“ удри во Јужната кула на Трговскиот центар.

Кулите на Светскиот трговски центар имаа по 110 ката. Во тоа време тие беа меѓу петте највисоки згради во светот. И двете се урнаа во рок од еден час и 40 минути по ударот. При уривањето, уништени или оштетени се и други околни објекти.

Во девет часот и 37 минути трет авион се урна во зградата на Пентагон во округот Арлингтон, Вирџинија. Тоа беше уште еден авион на „Американ ерлајнс“.

Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија во 10 часот и три минути во поле во близина на Шанксвил, откако патниците ги нападнаа киднаперите. Се претпоставува дека било планирано авионот на „Јунајтед ерлајнс“ да удри во Белата куќа, односно зградата на Конгресот во Вашингтон.

 

 

 

Поврзани содржини