ЖЕНИТЕ ВО МЕНОПАУЗА НАЈЧЕСТО СЕ СООЧУВААТ СО ЕНДОМЕТРИЈАЛЕН КАРЦИНОМ Прва европска брошура за рак на ендометриум на матката
Според податоците на Институтот за јавно здравје, бројот на новодијагностицирани случаи со ендометријален карцином во 2021 година изнесува 254, додека во 2012 година имало 128 новодијагностицирани случаи.
Првата европска брошура за ендометријален карцином денеска беше промовирана на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во рамки на одбележувањето на јуни – месецот за подигнување на свеста за ендометријален карцином – рак на ендометриум на матката.
Од понеделник таа ќе биде достапна во печатена форма за пациентите на ГАК и на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Доктор Игор Алулоски на прес-конференција посочи дека пациентки во менопауза, над 50 – 55 години, најчесто се соочуваат со оваа болест.
„Какво било крварење треба да биде прегледано. Но, не секогаш карциномот почнува со крварење. По менопауза, барем еднаш во година, да се направи ултразвучен преглед.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.