ЖЕНАТА КОЈА НА ТИТО МУ РЕЧЕ НЕ На неговото писмо од 16 страници одговори со две реченици

Тито покрај бурниот политички и револуционерен живот имал и интересен љубовен живот, а ретко која жена го одбила. Сепак историјата документира еден таков настан.

861

Херта Хас е родена во Марибор во 1914 и уште како млада пристапила на револуционрените комунистички движења, како што вели таа затоа што немала друг избор.

„Зошто ризикував? Комунистите беа единствените кои се бореа со фашистите. Живеев на границата со Австрија и добро знаев што е национал-социјализам. Знаев дека на нацистите им е главна цел уништувањето на Словените. Им ги видов лицата, погледите. Затоа пристапив кон Комунистичката партија“ – раскажуваше Хас.






Хас со Тито се запозна во 1937 година во Париз, место кое беше регрутен центар на комунистите, но нивната љубов ќе почне две години по првата среба.

Љубовта почнува во Истанбул кога Тито се враќа од Москва и во главниот град на Турција треба да добие лажен пасош. Лажниот пасош му го дава Херта и тие како пар заминуваат во Југославија. На почеток живеат во изнајмен стан во Загреб под лажни имиња.

Нивната љубов трае само две години. Тито добива задача да замине во Белград каде што се вљубува во друга жена – Дворјанка Пауновиќ.

Тито ја остави Херта во доцна бременост и таа само неколку дена после неговото заминување го роди синот Мишо.

Тито и Херта се среќаваат повторно во 1943, во Јајце. Таму е и титовата нова љубов, Дворјанка, која не е пријателски расположена кон Херта.

Вистински скандал настанува кога Дворјанка и се обраќа на Херта со зборовите „Во оваа куќа нема место за две жени“. Зборови кои ја погодуваат Херта која бара објаснување од Тито, а тој во свој стил одговара „пробајте да се договорите“.

Херта немала желба да се договара и веднаш се вратила во Словенија.

Во 1946 титовата љубов Дворјанка умира, а Тито ја моли Херта да му се врати. Тој и пишува писмо од 16 страници, а таа му враќа со две реченици.

„Дрга мој, Херта Хас трпи понижување од маж само еднапш. Не паѓам на колена пред истиот маж втор пат“ стоело во двете реченици кои му ги испратила на Тито.

После војната Хас живее повлечено, со нов сопруг и има две деца. Со Тито, за кој одбиваше да зборува до крајот на животот, се виделе уште еднаш, во 1964 година.

Херта Хас почина на 95 годишна возраст во Белград во 2010 година.

Поврзани содржини