ЖЕЛЕЗНА ТВРДИНА ЗА КРЕВКИ ЛУЃЕ Од работилница со психијатриски пациенти, до филм за најчовечките приказни

Нашиот соговорник Митко Панов, режисер на филмот „Железна тврдина-Македонска филмска работилница“, ја нарекува работата на овој свој најнов филм „екстрем филммејкинг“. Без екипа, без буџет, без технички услови, но со силна волја и – уште посилна приказна. „Филмот се правеше со љубов и со фрустрација, со импровизација, доверба и хуманост“, вели Панов.

133

Еден од најреномираните македонски и европски филмски автори – Митко Панов е режисер, сценарист и продуцент со импресивна меѓународна биографија. Своето образование го стекнал на прочуената филмска школа во Лоѓ, Полска, под менторство на легендите Јержи Кавалерович, Војчех Хас и Анджеј Вајда.

Добитник е на престижни награди, вклучувајќи ја и Златната палма за најдобар краток филм на Канскиот фестивал во 1991, за неговиот студентски филм „Со кренати раце“ снимен во 1985 година.
Панов е и еден од основачите на Њујорк филм академијата (NYFA) и креатор на нејзината основна програма, курс од 6 недели во кои тој успеал да го систематизира она што едно филмско училиште од Источна Европа го нуди како 4-годишна програма.
Бил професор на универзитетот во Тексас UT, Austin-RTF и доцент на отсекот за пост-дипломски студии во Tisch School of the Arts, NYU. Во деведесетите години бил визитинг професор на државното филмско училиште во Минхен, HFF, а меѓу неговите поранешни студенти се и добитници на „Оскар“ и други светски признанија, меѓу кои и култниот режисер Стив МекКвин. Го отворил огранокот на NYFA во Париз и бил негов програмски директор.






Ова е накусо за оние децении по завршувањето на гимназијата „Орце Николов“ и Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство – период во кој Митко Панов има живеено во неколку земји – СФРЈ, Полска, САД, Швајцарија и Македонија – пет различни општества, распослани низ три политички системи.

Некои од неговите попознати филмови се краткометражниот „Ливада“ (игран), долгометражниот документарец „Земјаци“, како и долгометражните играни филмови „Војната заврши“ и „Сведок“ (во кој славниот актер Бруно Ганц ја оствари својата последна главна улога на филм).

Филмот како терапија: „Железна тврдина“ и искуството во Демир Хисар

Повод за нашиот разговор со Панов е неговиот најнов филм – „Железна тврдина – Македонска Филмска Работилница”, проект кој почнува скромно, како идеја за работилница во Психијатриската болница во Демир Хисар, со поддршка од 60,000 денари, од министерството за култура.

„Многу луѓе веруваат и му придаваат големо значење на креативниот момент, или на улогата на режисерот или на идејата. Овде е обратно, идејата е генерирана од самата материја. Јас не сум автор со големи идеи, туку работник кој почнал со работилница, но сфатил дека (во неа) има и филм“, се смее Панов.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Поврзани содржини