ЖАЛФИЈАТА ГИ ЛЕЧИ РАНИТЕ, ИМ ПОМАГА НА ДОИЛКИТЕ, ЈА ЧИСТИ КРВТА, ГО НАМАЛУВА ШЕЌЕРОТ За најдобар ефект, пијте чај двапати дневно
Жалфијата има лековито дејство бидејќи ја чисти крвта, го стимулира исфрлањето на слузта од дишните органи, влијае на исфрлањето на слузта од желудникот и им помага на пациентите да си го вратат апетитот.
Во времето на Карло Велики, жалфијата била садена во секоја градина и се сметала за најлековито растение. Се користела за лекување на речиси сите болести и добила статус на свето растение.
Одамна е познато колку е лековитата жалфија, но се чини дека сѐ помалку се користи.
Многу одамна жалфијата се користела како главна состојка во мешавините за балсамирање во гробниците на фараоните. Грчкиот лекар Диоскорид ја користел за лекување на крварење, треска, камења во бубрезите и нередовна менструација.
Меѓу активните состојки, жалфијата содржи есенцијални масла салвиол, пинен, цинеол, борнеол, камфор, потоа танини, горчливи материи, протеини, скроб, калциум оксалат, соли на фосфорна киселина, соли на калиум и калциум и некои други неидентификувани супстанции.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.